Агентката на Пол Погба, Рафаела Пимента вели дека нејзиниот клиент ќе се врати посилен по сезоната одбележана со повреди, и со фокус на успех со Јувентус.
Погба минатото лето си замина од Манчестер јунајтед како слободен играч да се врати во Јувентус, но веднаш се повреди и беше на операција на коленото, паузирајќи девет месеци. Кога се врати од повредата во првиот меч како стартер против Кремонезе доби мускулна повреда по само 24 минути игра.
„Неговата ментална сила и начинот на кој се соочува со тешките моменти е нешто посебно. Секогаш се враќа на нозе и оди напред, никогаш назад. Потребно му е време да се опорави, но сега гледа кон иднината. Честопати се расправаме, но најважно е што ја кажуваме вистината. Одиме напред“, вели Пимента за „Калчомеркато“.