За разлика од неговиот колега од репрезентацијата Антоан Гризман, ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба смета дека не ја заслужува „Златната топка“ и покрај тоа што се најде во потесниот избор на 30 фудбалери.
25-годишниот Погба беше дел од победничката репрезентација на СП во Русија, постигнувајќи еден гол во финалето против Хрватска и е еден од шесте члена на тој тим кој е номиниран покрај Гризман, Килијан Мбапе, Рафаел Варан, Н’Голо Канте и Иго Љорис.
„Без разлика дали е Гризу, Килијан или Ралф, тие направија многу повеќе од мене и ја заслужуваат наградата. Не можам да изберам еден, но со цело срце се надевам дека ќе биде еден од тие тројца. Можеби од четворицата, бидејќи тука е и Канте. Јас не се поставувам во тоа друштво“, вели Погба.
„Балон д’ор“ ќе се додели на церемонија во Париз на 3 декември.
Фото: ЕПА