Top Sport

Погба е „минато“ во Јунајтед, но што е со Жозе?

Шпекулациите дека Манчестер јунајтед веќе во јануари ќе го продадат Пол Погба се зголемија откако Жозе Мурињо го остави Французинот на клупата за големото дерби против Ливерпул, кое заврши неславно за „ѓаволите“, но сѐ понесигурна изгледа и иднината на португалскиот „специјален“.

Јунајтед се подготвуваат по вторпат да се ослободат од фудбалерот за кого платија 100 милиони евра пред помалку од три години кога тој беше најскапиот фудбалер на светот. Според британските медиуми, во Јунајтед сметаат дека е подобро да се разделат сега со 25-годишниот Погба, за Мурињо да добие малку поголемо единство во тимот за да може да се бори барем за место во Лигата на шампионите оваа сезона.

Дури и Мурињо да не ја доживее следната сезона на клупата на „ѓаволите“, управата на Јунајтед не би сакала следниот тренер да го наследи истиот проблем. Британскиот „Сан“ тврди дека еден од фудбалерите на Јунајтед за нивниот таблоид изјавил дека 90 отсто од фудбалерите веќе не го поддржуваат Португалецот.

Од друга страна, Јувентус би можеле да бидат заинтересирани за враќање на Погба во Торино, а Јунајтед за него би го добиле Алекс Сандро.

Останува да се види дали има нешто во овие шпекулации, меѓутоа, јасно е дека „циркусот“ на „Олд Трафорд“ уште не е завршен.

Фото: ЕПА

Scroll to Top