Top Sport

Голчиштето на Милик во 91. минута ги спаси Наполи на Сардинија (видео)

Наполи стигна до драматична 1:0 победа на гостувањето кај Калјари, откако Аркадиуш Милик во 91. минута од мечот го совлада голманот Алесио Крањо за тимот на Карло Анчелоти колку-толку да го задржи темпото со шампионот Јувентус.

Калјари во првото полувреме имаше повеќе од играта од гостите, но на крајот остана без поени, откако Милик по крајот на регуларните 90 минути постигна спектакуларен гол од слободен удар за тешко извојувани три поени.

Наполи останува втор на табелата со 38 поени, осум помалку од лидерите Јувентус и шест пред Интер на третото место. Калјари се на 13-тото место.

Фото: ЕПА

Scroll to Top