Фудбалот на Манчестер јунајтед, Пол Погба организираше собирање пари за борба против КОВИД-19 вирусот, користејќи го својот 27. роденден како вистинска шанса за тоа. Погба постави цел од 27.000 фунти за поддршка на здравствените организации.
„Бидејќи ми е роденден и секогаш сум благодарен што јас и моето семејство сме здрави, сакам да помогнам на тие кои сега не се во најдобро здравје. Пандемијата на корона вирусот влијае на многу луѓе низ целиот свет, посебно на децата. УНИЦЕФ помага во спречувањето на ширењето на корона вирусот со доставување на медицинска опрема во кампањите. Со ваша помош, сакам да соберам 27.000 фунти за помош во оваа војна и ќе ја удвојам таа сума ако стигнеме до целта. Ако успееме во тоа, сумата ќе биде доволна да се обезбедат: 333.332 пара ракавици за здравствените работници, 2.777 маски за спречување на заразата и 9.615 очила со вентилација“, објави Погба.