Пол Погба, покрај менаџерот Оле Гунар Солскјер е најкритикуваниот член на Манчестер јунајтед. Погба одигра лош меч во Бергамо, каде Јунајтед од пораз, во 90.минута го спаси Кристијано Роналдо.
Погба, неколку пати имаше ризични додавања, влечеше потези кои можеа тимот да го однесат во пораз. Поради таквиот став беше заменет во второто полувреме.
„На Погба секогаш некој треба да му виси над главата. Потребно е да има искусни луѓе позади себе. Колку години има тој? 28? Па тој веќе треба да е искусен играч, но делува дека ќе биде истиот и кога ќе има 35. И понатаму ќе прави глупости на теренот и ќе си игра со топката за да покажае колку е добар. Најголемиот проблем на Погба е концентрацијата“, рекол Пол Сколс и се присетил како Погба играл во периодот кога беше играч на Јувентус.
„Тој беше брилијантен во тој тим на Јувентус. Поради тоа и го вративме во Манчестер јунајтед. Но таму Погба беше опкружен со искусни играчи. Околу него беа Пирло, Бонучи, Кјелини, Буфон, имаше одлилен тренер…Таков третман него ќе му биде потребен и кога ќе има 35 години“.