Top Sport

Погба и Стела Мекартни ги дизајнираа првите „вегански“ копачки

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба, соработуваше со „Адидас“ и славната модна дизајнерка Стела Мекартни за да ги креира првоите „100 отсто вегански копачки“.

Ограничената едиција на копачки, по цена од 280 фунти, ги користи иновациите од „Предатор“ копачките на германската компанија, и се изработени од материјали кои ги почитуваат веганските принципи.

„Јас сум прво фудбалер, но имам голем интерес во модата и дизајнот и сакав да го испитам тоа. Соработката беше посебна бидејќи долго време сум фан на Стела Мекартни. Едвај чекам да ги носам копачките кои ги направивме“, вели 28-годишниот Погба.

Scroll to Top