Фудбалерот на Јувентус и француски репрезентативец Пол Погба ќе биде подготвен за претстојното Светско првенство во Катар, пренесуваат италијанските медиуми.
Погба се рехабилитира од повредата на коленото, а според „Тутоспорт“, фудбалерот на Јувентус би требало да се врати на теренот кон средината на октомври.
Постои можност тој да игра за Јувентус на натпреварот од Лигата на шампионите против Бенфика кој е закажан за 25. октомври.
Пол Погба се повреди во јули, на тренингот на торинскиот клуб на подготовките во Америка, поради што оваа сезона нема одиграно ниту еден натпревар за Јувентус.