По Погба вели дека би престанал да игра фудбал ако мислел дека Манчестер јунајтед нема шанси за титулата во 2017/18.
Францускиот играч од средниот ред се врати кај „Црвените ѓаволи“ по два месеци пауза поради повреда на бутниот мускул и се врати со гол и асистенција при 4:1 победата над Њукасл. Во играта на Јунајтед се почувствува неговото отсуство, и сега тие заостануваат осум поени зад градските ривали Манчестер сити, кои изгледаат во незапирлива форма. Погба не мисли така.
„Сезоната е многу долга. Ако не верував во титула, подобро да се повлечев. Ќе ги оставев копачките и ќе престанев да играм фудбал. Мораш да веруваш во борбата“, вели Погба.
Покрај Погба, на мечот со Њукасл се врати и Златан Ибрахимовиќ, додека Ромелу Лукаку го постигна првиот гол во Премиер лигата од победата над Кристал Палас на 30 септември.
„Јас се врати, а Ромелу пак погоди? Ми се допаѓа таа комбинација“, додава Погба.