Top Sport

Погба контра Мурињо: Кога сме дома мора да напаѓаме, ова е „Олд Трафорд“!

Пол Погба ризикува нов конфликт со Жозе Мурињо, откако тврдеше дека Манчестер јунајтед мораат да „напаѓаат, напаѓаат, напаѓаат“ на домашните мечеви.

Јунајтед одигра само 1:1 со Вулверхемптон во саботата и тимот веќе заостанува осум поени зад лидерите во Премиер лигата, Ливерпул. Погба повторно беше на удар на критиките по слабите перформанси по СП во Франција, но сега бара поагресивен пристап на домашните мечеви.

„Моравме да играме многу подобро против ’волците’. Кога сме дома мора да напаѓаме, напаѓаме, напаѓаме. Ова е ’Олд Трафорд’. Тука сме да напаѓаме, а мислам дека тимовите се плашат кога Манчестер јунајтед е во напад. Тоа беше грешката. Три домашни мечеви и само четири поени, тоа не е доволно“, вели Погба.

По првиот домашен меч оваа сезона, 2:1 победата над Лестер, Погба изјави дека не може да каже што навистина мисли бидејќи ризикува да биде казнет.

Scroll to Top