Top Sport

Од оваа година „златна топка“ за дамите и „Копа“ трофеј за младите

„Франс фудбал“ објави дека нивната славна награда „Балон д’ор“ или „златна топка“ од оваа година ќе добие две придружни награди.

Покрај најелитната индивидуална награда во светот на фудбалот која оваа година ќе биде доделена на 3 декември, првпат ќе има и „златна топка“ за фудбалерките, како и трофеј „Копа“ за најдобриот фудбалер под 21 година.

Трофејот за младите фудбалери е именуван според легендата на Франција и Реал Мадрид, Рајмон Копа, кој ја освои „златната топка“ во 1958 година. Кој ќе ја добие наградата ќе одлучуваат 33 поранешни освојувачи на „златната топка“, како Мишел Платини, Жан-Пјер Папен, Марко ван Басте, Зинедин Зидан, Павел Недвед, Кака, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Scroll to Top