Пол Погба врати по расистичките навреди кои ги добиваше на социјалните мрежи, велејќи дека омразата само го прави посилен.
Откако утна пенал за Јунајтед при 1:1 ремито со Вулверхемптон во понеделникот, тој беше мета на повеќе расистички напади, по што дури и компанијата Твитер изјави дека ќе се сретне со претставниците на англискиот клуб за да се спречи омразата.
Сепак, ова не ги спречи троловите на Твитер, откако во саботата неговиот соиграч Маркус Рашфорд беше мета на напади, откако и тој утна пенал во 1:2 поразот од Кристал палас. Погба вети дека нема да го победат.
„Моите предци и моите родители страдаа за мојата генерација денеска да биде слободна, да работи, да оди со автобус и да игра фудбал. Расистичките напади само ќе ме направат посилен и ќе ме мотивираат да се борам за следната генерација“, напиша Погба.
My ancestors and my parents suffered for my generation to be free today, to work, to take the bus, to play football. Racist insults are ignorance and can only make me stronger and motivate me to fight for the next generation. pic.twitter.com/J9IqyWQj4K
— Paul Pogba (@paulpogba) August 25, 2019