Top Sport

Погба: Моите предци страдаа за јас денеска да бидам слободен

Пол Погба врати по расистичките навреди кои ги добиваше на социјалните мрежи, велејќи дека омразата само го прави посилен.

Откако утна пенал за Јунајтед при 1:1 ремито со Вулверхемптон во понеделникот, тој беше мета на повеќе расистички напади, по што дури и компанијата Твитер изјави дека ќе се сретне со претставниците на англискиот клуб  за да се спречи омразата.

Сепак, ова не ги спречи троловите на Твитер, откако во саботата неговиот соиграч Маркус Рашфорд беше мета на напади, откако и тој утна пенал во 1:2 поразот од Кристал палас. Погба вети дека нема да го победат.

„Моите предци и моите родители страдаа за мојата генерација денеска да биде слободна, да работи, да оди со автобус и да игра фудбал. Расистичките напади само ќе ме направат посилен и ќе ме мотивираат да се борам за следната генерација“, напиша Погба.

Scroll to Top