Top Sport

Погба му одговори на Сунес: Кој е тој? Некој фудбалер?

Легендата на Ливерпул, а сега ТВ-коментатор Греем Сунес  е познат како еден од најголемите критичари на Пол Погба и неговата „неубедлива“ кариера во дресот на Манчестер јунајтед, и сега, по долго време Французинот му одговори прашувајќи се, кој е тој навистина?

„Искрено, не знаев кој е тој. Слушнав дека е некој голем фудбалер и такви работи. Го знаев лицето, но не и името. Не сум човек кој гледа многу фудбалски ТВ-програми, сакам да гледам фудбал, но не останувам да ги слушам коментарите од типот: ’Зошто направија вака’ или ’Зошто не направија така’. Се фокусирам на фудбалот“,изјави Погба.

Оваа изјава секако се смета за „удар под појасот“, како што ја опиша неговиот колега Џејми Карагер, но Сунес му даде совршен одговор, предизвикувајќи ги двајцата да ги покажат своите медали.

„На ум ми паѓа најстарата изјава во фудбалот – ставете ги медалите на маса, а јас имам голема маса“, изјави Сунес.

Погба е роден во Париз во 1993 година, две години по пензионирањето на Сунес, кој останува вистинска легенда од 1980-тите, освојувајќи пет титули со Ливерпул како дел од тимот на Боб Пејзли од 1979 до 1984 и додавајќи три европски купови. Дома во Шкотска, Сунес има и титула од Премиер лигата со Ренџерс. Сунес исто така има и трофеј од Копа Италија со Сампдорија во 1985 година.

ТОП ретро – фудбалскиот „силен дечко“ Греeм Сунес!

Сунес без милост: Погба е како учениче кое трча по топката!

Scroll to Top