Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, рекол дека Жозе Мурињо добил отказ поради лошите резултати, а не поради односите во соблекувалната.
Јунајтед го отпуштија Мурињо во декември минатата година, а неговиот наследник Оле Гунар Солскјер го препороди тимот. Многу играчи, меѓу кои е и Погба, играат многу имаат подобар однос со новиот менаџер.
„Какви беа проблемите (со Мурињо)? Не победувавме. Поради тоа решија да го сменат менаџерот. Резултатите се најважни. Доколку победувавме, тој ќе останеше на својата позиција“, рекол Погба.