Top Sport

Погба наредната недела ќе соопшти каде ќе игра наредната сезона

Пол Погба, наредната недела, ќе донесе одлука околу својата иднина. Наводно, Погба има две опции, за која ќе се реши ќе соопшти наредната недела, кога ќе се врати од одмор.

Француските новинари Жулиен Мајнард и Адриен Грениер, тврдат дека Погба треба да реши дали ќе остане во Манчестер јунајтед или ќе ја прифати понудата од ПСЖ.

Погба е играч на Манчестер јунајтед од 2016 година. Јувентус од неговиот трансфер заработија 105 милиони евра.

Според новинарите, Мино Рајола, менаџерот на Погба, веќе ги започнал преговорите со ПСЖ. Желба на „светците“ е ова лето да потпишат уште еден играч од средниот ред.

Погба за Јунајтед има одиграно 199 натпревари, на кои постигнал 38 голови.

Scroll to Top