Top Sport

Дмитровиќ како ѕид, Борха спаси бод за Атлетико (Видео)

Атлетико Мадрид и Еибар одиграа 1:1 во првиот натпревар од саботната програма во Примера. Фаворитот поразот го избегна во последните секунди кога младиот Борха го совлада играчот на мечот, голманот на Еибар, Марко Дмитровиќ.

Атлетико против Еибар направи уште еден кикс и веќе во раната фаза на сезоната значително си ги намали шансите во борбата за шампионската титула.

„Колчонерос“, доминираа против гостите од Баскија, упатија 15 удари кон голот на противникот (осум од нив одеа во рамките на голот), изведоа 13 корнери, но од пораз се спасија буквално во последните секунди.

Играчите на Атлетико немаа решение за брилијантниот голман Дмитровиќ. Српскиот репрезентативец одбрани пет чисти шанси за гол (Саул, Гризман, Годин, два пати Диего Коста), а Годин во 91.минута ја погоди гредата.

Од друга страна, Еибар одигра тактички одличен меч, а преку Енрич во 88.минута ја искористија вистинската гол шанса.

Пораз на Атлетико спречи Борха, кој на истекот на натпреварот со прецизен удар успеа да го совлада Дмитровиќ.

Scroll to Top