Top Sport

Погба: Не сум јас тој што зборува за напуштање на Манчестер Јунајтед

Францускиот играч Пол Погба инсистира дека во моментов е фокусиран на враќањето во топ форма по неговата улога во триумфот на Франција на Светското првенство, притоа отфрлувајќи ги тековните шпекулации за неговата иднина во Манчестер Јунајтед.

Дваесет и петгодишниот играч потпиша со “Црвените ѓаволи“ во летото 2016 година, во трансфер вреден 89 милиони фунти, но сега постојано се поврзува со преселба во Барселона, пишува ESPN.

Односот на Погба со менаџерот на Јунајтед, Жозе Мурињо исто така влева дополнителен сомнеж врз долгорочната иднина на играчот од средниот ред во клубот од Манчестер.

Говорејќи по натпреварот на Франција против Германија во Лигата на нациите во четвртокот, Погба сепак одби целосно да ги прекине овие шпекулациите.

“Не сум јас тој што зборува за тоа. Се обидувам да работам на својата физичка кондиција. Се вратив доцна од Светското првенство, па сега се обидувам да играм што е можно подобро. Јас само се обидувам да ја завршам својата работа, а за останатите секогаш ќе има нешто за разговор“, рече Погба по натпреварот.

Scroll to Top