Top Sport

Погба: Нема да се вратам во Јувентус

Пол Погба ги отфрли шпекулациите кои го поврзуваат со враќање во Јувентус, велејќи дека додека е на Мундијалот во Русија фокусот е на француската репрезентација.

Погба беше клучниот човек за Франција во првиот меч во Русија, постигнувајќи го победничкиот гол за 2:1 триумф над Австралија. 25-годишниот играч на Јунајтед е поврзуван со враќање во Италија, откако англискиот премиерлигаш го купи за 101 милион евра во 2016 година.

„Додека сум со француската репрезентација не сакам да зборувам за клупскиот фудбал. Да, зборував со Пауло Дибала, но зборував и со Самуел Умтити и тоа не значи дека ќе играм за Барселона“, вели Погба.

Франција против Австралија доби помош од ВАР технологијата – прво откако пеналот над Антоан Гризман беше одлучен со видео помош, а потоа и ударот на Погба кој ја помина гол-линијата. Погба вели дека знаеле дека нема да е лесно против Австралија.

„Ова е Светско првенство и нема лесен меч. Остануваме позитивни и мораме да мислиме на трите поени кои ги освоивме. Имаме млад тим и многумина не играле на големите натпреварувања. По овој натпревар сите знаат што можат да очекуваат. Очекуваме подобра игра, но и да мораме да ги победиме сите натпревари на овој начин, за мене не би било проблем“, вели Погба.

Фото: ЕПА

Погба донесе победа за Франција во тесниот меч со Австралија (видео)

Scroll to Top