Top Sport

Погба: Нормално, Бекам е најдобрата „седумка“ на Јунајтед

Бројот седум во освојувачот на рекордни 20 англиски титули, Манчестер јунајтед, секогаш бил посебен, и „вечно“ прашање е кој е најдобриот. Пол Погба има едноставен одговор – Дејвид Бекам.

„Неговиот стил на играње, неговите голови, неговото значење во Јунајтед… Кога ќе го погледнете бројот 7 прво си помислувате на Дејвид Бекам. Начинот на кој ја контролираше топката, неговите слободни удари, додавањата… Ако сакаше да ја донесе топката некаде, знаевте дека топката ќе оди таму“, вели Погба.

Бројот 7 во Јунајтед го носеа имиња како Џорџ Бест, Ерик Кантона, Кристијано Роналдо и Бекам, но во последните сезони „седумката“ беше доделувана и на „промашувања“ како Анхел ди Марија и Мемфис Депај (промашувања за Јунајтед, не севкупно во кариерите). Во моментов, тој број е „слободен“, и многумина се прашуваат кој ќе го добие.

Scroll to Top