Top Sport

ИОЦ казни уште три руски спортистки со доживотна суспензија

Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) објави дека доделил уште три доживотни суспензии за настап на Олимпијадата на руски спортисти – на двете нордиски скијачки, Јулија Чекалева и Анастасија Доценко, како и на биатлонката Олга Зајцева, една од најдобрите во историјата на Русија.

Ова доаѓа по низата суспензии по ре-тестирањето на примероците од ЗОИ Сочи 2014 откако поранешниот шеф на анти-допинг лабораторијата во Москва, Григориј Родченко објави дека има државен допинг во Русија.

Чекалева и Доценко настапуваа, но не освоија медали, додека Зајцева освои сребро во штафетата.

Шефот на Руската скијачка федерација, Елена Вјалбе, најави, како и во претходните случаи жалба до Судот за арбитража во спортот (ЦАС).

Scroll to Top