Пол Погба одби да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед, ќе го напушти клубот како слободен играч. Погба не прифатил неделна плата од 300.000 фунти. Францускиот репрезентативец најверојатно ќе ја продолжи во Јувентус за кој настапуваше од 2012 до 2016 година.
Британски „Атлетик“ објави дел од документарниот филм „Погментари“, кој е посветен на францускиот фудбалер.
Во филмот е прикажан разговорот помеѓу Погба и неговиот тогашен менаџер, кој почина неодамна Мина Рајола со челниците на Манчестер Јунајтед околу продолжувањето на договорот.
Јунајтед понудиле зголемување на неделната плата од 290.000 фунти на 300.000 фунти.
„Како можеш да му кажеш на играчот дека го сакаш, а потоа да не му понудиш ништо? Ова досега не сум го видел“, лутито вели Погба.
Погба својата сениорска кариера ја започна во Манчестер Јунајтед, но не успеа да се избори за првотимски статус, поради што замина во Јувентус.
Францускиот фудбалер се врати во тимот од „Олд Трафорд“ во 2016 година за 105 милиони евра.
Италијанските медиуми тврдат дека Погба треба да потпише повеќегодишен договор со Јувентус за плата од осум милиони евра по сезона.