Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба повторно „удри“ по поранешниот менаџер Жозе Мурињо, велејќи дека сегашниот тренер Оле Гунар Солскјер „не глуми“ и наместо тоа „дава само радост на сите“.
Погба имаше проблематичен однос со португалскиот тренер и во финишот на неговото владеење со клубот се наоѓаше најчесто на клупата, додека Солксјер има поинаков став со Погба како прва ѕвезда и тоа резултираше со 10 победи и 1 реми во 11 меча досега. Погба постигна два гола за Јунајтед со 3:0 да победи на гостувањето кај Фулам и Французинот беше полн со пофалби за норвешкиот тренер.
„Што донесе Оле во тимот? Радост! Неговата радост. Тој не се игра, не глуми. Само дава радост на сите“, вели 25-годишниот Погба.
Французинот исто така израдува еден навивач на Манчетер јунајтед откако забележа еден млад човек со знак на кој пишуваше: „Погба, може да го добијам твојот дрес“. Желбата овојпат му се исполни на навивачот и тој го доби дресот со број 6.
Фото: ЕПА
Paul Pogba shows his class by handing his jersey to polite young fan after starring in 3-0 win at Fulham https://t.co/ZICqOskDW8 pic.twitter.com/c4qVB0CrL7
— MailOnline Sport (@MailSport) February 9, 2019