Top Sport

Навивачите на Атлетико не простуваат – само стаорци за Тибо Куртоа (видео)

Атлетико Мадрид не му простуваат на својот поранешен голман, Тибо Куртоа, што потпиша за лутиот ривал Реал Мадрид, откако навивачите на „јорганџиите“ го пречекаа со фрлање на играчки стаорци кон него.

Белгискиот голман помина три години со „Лос рохибланкос“, освојувајќи титула од Ла лига, Копа дел Реј и Лига Европа со нив, пред да замине за Челси и минатото лето да се врати во Мадрид, но овојпат во белиот дрес.

Тој ги налути навивачите со неколку контроверзни изјави пред вчерашното дерби, за кои потоа велеше дека биле лошо преведени од холандски, и тие му „вратија“.

Сепак, на крајот, тој го имаше последниот збор, откако Реал победи со 3:1, покажувајќи им го резултатот на навивачите.

Реал убедливо славеа на Ванда Метрополитано (Видео)

Scroll to Top