Top Sport

Погба повеќе нема да биде „пеналџија“ во Манчестер Јунајтед

Пол Погба повеќе нема да ги изведува пеналите во екипата на Манчестер Јунајтед. Оваа одлука ја донел менаџерот Оле Гунар Солскјер веднаш по завршувањето на натпреварот со Вулверхемптон.

Погба на натпреварот што се одигра во понеделникот не успеа да реализира пенал при резултат 1:1, неговиот удар го одбрани Руи Патрисио.

По завршувањето на натпреварот Солскјер во влегол во соблекувалната и соопштил дека кога е на теренот пеналите во иднина ќе ги изведува Маркус Рашфорд. Младиот напаѓач постигна гол од пенал во првото коло против Челси.

Scroll to Top