Top Sport

Фил Невил: Фудбалскиот свет да ги бојкотира социјалните мрежи

Селекторот на женската фудбалска репрезентација на Англија, Фил Невил, побарал од фудбалската заедница да направи радикален потег во користењето на социјалните мрежи.

Невил побарал фудбалските работници со шест месечен бојкот на социјалните мрежи да одговорат на расистичките навреди што им беа упатени на Пол Погба, Тејми Абрахам и Јаку Меите.

Невил рекол дека е време на расистите фудбалскиот свет да им упати силна порака.

„Во целост ја загубив довербата во они што управуваат со социјалните мрежи. Се прашувам дали ние како фудбалска заедница можеме да испратиме јасна порака што со тоа што шест месеци ќе ги бојкотираме социјалните мрежи. Велам шест месеци ништо да не биде објавено на социјалните мрежи од фудбалските работници. Да видиме каков ќе биде ефектот врз сите тие компании, дали тогаш ќе решат да преземат конкретни чекори“, рекол Невил.

Фудбалерите што беа навредувани од расистите добија силна поддршка од своите колеги, меѓутоа Невил смета дека тоа нема да ги реши проблемите бидејќи проблемот бил многу комплексен.

Scroll to Top