Пол Погба од Манчестер јунајтед и Танги Ндомбеле од Тотенхем се позитивни на корона вирусот и нема да играат за Франција во мечевите од Лигата на нации на УЕФА, потврди францускиот селектор Дидие Дешам.
„Во последен момент морам да ја променам листата, бидејќи Пол Погба вчера беше позитивен на корона вирус и тој ќе биде заменет со Едуардо Камавинга“, потврди Дешам.
Ова значи дека 27-годишниот Погба мора да помине 14 дена во изолација и ќе ги пропушти подготовките на Манчестер јунајтед кои требаа да почнат следната недела, иако би требало да биде достапен за првиот меч од сезоната против Кристал палас на 19 септември. Според Јунајтед тој нема симптоми.