Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба пред големото саботно дерби со Арсенал, откри дека кога растел бил голем навивач на „топчиите“.
Јунајтед влегуваат на дуелот на „Емирати“ на второто место со само четири поени пред „освежените“ Арсенал, и Погба признава дека постоело време кога тој би навивал за лондонскиот клуб во таков дуел.
„Во Франција, Арсенал беше сметан за многу голем тим, бидејќи имаше многу Французи. Јас бев голем фан на тој Арсенал, посебно со Тјери Анри. Бев мал фан, не луд навивач, но навистина ги следев нивните натпревари. Секогаш биле голем клуб“, вели Погба, во изјава која сигурно нема да им се допадне на навивачите на Јунајтед.
Погба исто така се „отвори“ за животот на „Олд Трафорд“ под Жозе Мурињо.
„Мојот омилен дел е играта која ја имаме на крајот на тренинг-сесијата. Најлошото е исто за сите – тактиката. Дефанзивната тактика посебно, бидејќи треба да вежбаш без топка. Секогаш се учев да играм со топка и тоа ми паѓа навистина тешко“, додава Погба.