Пол Погба вели дека е фокусиран на силен крај на сезоната и додава ека уште не направил конечна одлука за својот следен чекор откако договорот со Манчестер јунајтед му завршува на крајот на сезоната и шпекулациите го поврзуваат со трансфер во Пари Сен-Жермен.
29-годишиот Французин веќе шест години е на „Олд Трафорд“ по враќањето во 2016 година за рекордни за клубот 100 милиони евра. Тој признава дека трансфер на „Паркот на принцовите“ изгледа примамливо, но е внимателен пред изборот на својот следен договор.
„Ништо не е решено за мојата иднина. Би можел да решам уште утре или кога ќе почне преодниот рок. Сакам да се вратам силно и да ја завршиме сезоната добро. Да бидам искрен, имаше тешки моменти, посебно во Манчестер. Ако не играм или резултатите се слаби, секогаш е добро да се дојде со француската репрезентација. За оваа сезона е тешко да се даде оценка бидејќи се случија многу работи, како промената на тренерот, повредите. Сезоната не е завршена, но немаме титули за кои играме. Сакам титули, да играм за нешто значајно, бидејќи во последните години не сме во таква игра“, вели Погба за „Телефут“.