Top Sport

Погба се обидел да ги исплати уценувачите со 100.000 евра, Мбапе чека Матијас да го објави видеото

Француските медиуми со големо внимание ја следата најновата афера која го стресе фудбалот во земјата. Водечките медиуми „РМЦ“ и „Лекип“ излегоа со нови информации поврзани со аферата Погба, „La Pogbaffaire“.

Пол Погба, во италијанската полиција пријавил дека бил цел на изнуда за сума од 13.000.000 евра од страна на банда во која бил и неговиот постар брат Матијас. „РМЦ“ сега тврди дека фудбалерот им платил 100.000 евра на криминалците, во обид да се ослободи од нив.

Откако не успеал да се откачи од бандата тој решил да го пријави случајот.

„РМЦ“, понатаму наведува дека Погба ги отфрлил тврдењата на Матијас дека има спорни снимки на кои бара од вуду вештерка да му фрли магија на Килијан Мбапе. Пишувајќи за аферата „Лекип“, објави дека Мбапе од далечина следи како се развива случајот и чека Матијас Погба да излезе во јавноста и да ја покаже наводната видео снимка, по што ќе реши како да му пристапи на случајот.

Овој извор не ја исклучува можноста, доколку тврдењата на Матијас Погба се вистините, Мбапе да го услови селекторот Дидие Дешам, односно да го стави во позиција да избира помеѓу него и Пол Погба.

Додека Пол се обидува на секој начин да ја докаже својата невиност и дека тој е всушност жртвата, Матијас продолжува да долева масло на огнот на социјалните мрежи…

„Мојот помлад брат конечно го покажува вистинското лице. Тој го започна сето ова ја лажеше полицијата од каде и излезе оваа информација. Пол очигледно се обидуваш целосно да ме затвориш, да кажуваш лаги за мене и да ме пратиш во затвор. Се ми е јасно. Мојата верзија на настаните е вистинита и кажува што точно се случило, за разлика од твојата. Имам доволно докази за да покажам дека лажеш“, напиша Матијас на социјалните мрежи.

Матијас му се обратил и на Мбапе и му рекол дека „нема ништо против него“ и дека приказната за вуду вештерката е целосно вистинита…

Scroll to Top