Top Sport

Погба се повреди на тренинг со Франција

Пол Погба најверојатно нема да може да настапи за Франција во квалификациите за Светското првенство, откако ѕвездата на Манчестер јунајтед се повлече од денешниот тренинг со повреда.

Франција нема да има тешка задача во последните два меча од квалификацискиот циклус, против Казахстан и Финска, но повредата на Погба доаѓа во момент кога неговите перформанси за Јунајтед повторно се критикуваат, и има нови шпекулации за неговата иднина.

Погба ја предводеше франција до титулата од Лигата на нации оваа година, а по одличниот старт за Јунајтед, доби контроверзен црвен картон при 0:5 поразот на Манчестер јунајтед од Ливерпул.

Scroll to Top