Top Sport

Гвардиола: Чави е свој човек, не е мој наследник

Чави Ернандез е новиот тренер на Барселона што ведаш донесе споредба со Пеп Гвардиола, уште еден поранешен капитен кој пристигнува на „Ноу Камп“ со големи амбиции. Но, Гвардиола, сега на печалба во Манчестер сити, вели дека Чави треба да биде „свој човек“ без никакви споредби иако Чави го испофали на прес-конференцијата при промоцијата.

„Слушајте, јас е бев ничиј наследник, така што Чави не мора да биде мој наследник. Ако Жоан Лапорта и бордот го избраа Чави, тоа е бидејќи има милион позитивни работи и малку негативни. Тој го знае клубот и ќе донесе позитивна енергија, бидејќи го сака фудбалот. Секогаш е позитивен. Со својата класа, посветеност и работа, сигурно ќе го подобри клубот“, изјави Гвардиола, кој е во Каталонија на добротворен голферски турнир.

Scroll to Top