Top Sport

Погба се предомисли и сака да остане на „Олд Трафорд“, но Јунајтед сега го сакаат тоа?

Пол Погба по многубројните шпекулации околу неговата иднина се предомислил и сака да остане во Манчестер јунајтед, иако е нејасно дали навивачите на клубот го сакаат тоа или веќе им дојде преку глава од Французинот.

Погба се врати на „Театарот на соништата“ за тогаш рекордни 100 милиони евра од Јувентус, но оттогаш не успеа да ги убеди навивачите дека е целосно посветен на клубот со многубројни шпекулации кои го поврзуваа со трансфер во Реал Мадрид, но и со враќање во Јувентус. Сега, според британските медиуми, убеден од пристигнувањето на Бруно Фернандеш, Погба сака да остане и да гради тим околу двајцата.

26-годишниот Погба има договор со 300.000 фунти неделна плата во Јунајтед, но веќе неколку пати им одеше на нерви на навивачите. Гери Невил, поранешниот капитен на клубот, го нарече неговиот агент Мино Рајола „пијавица“ по неговите постојани коментари дека Погба е несреќен во Манчестер и контроверзната изјава дека „тие би го уништиле и Марадона и Пеле“.

Тука беше и минатото лето, кога Французинот не се појави на првите тренинзи, по што изјави дека „бара нов предизвик“.  Оваа сезона, тој има само осум настапи за клубот поради повредите, но Оле Гунар Солскјер може да се држи до славната максима на Сер Алекс Фергусон: „Ниту еден фудбалер не е поголем од овој клуб“.

Scroll to Top