Top Sport

Поранешната сопруга на Мејведер пронајдена мртва во автомобил!

Џози Херис, 40-годишната мајка на три деца на боксерската легенда Флојд Мејведер Јуниор е пронајдена мртва во нејзиниот автомобил паркиран во нејзиниот дом во Валенсија, Калифорнија, објави „ТМЗ спорт“.

Според медиумот, локалната полиција пристигнала во нејзиниот дом во 21.30 часот во вторникот и ја пронашле во својот автомобил. Првите извештаи велат дека не се води кривична постапка, туку само се води истрага за утврдување на причината на смртта.

Таа беше во врска со Мејведер од 1995 до 2010 година и двојкта има три деца заедно – Кораун, Зион и Џирах. Двајцата имаа бурна врска во која боксерот беше осуден за домашно насилство во 2010 година и помина два месеци во затвор. Херис неколку пати тврдеше дека била малтретирана од страна на боксерот. Двојката не комуницираше во последните години освен кога Мејведер ги земаше неговите деца.

Scroll to Top