Top Sport

Погба, сепак, се враќа во Јунајтед за десетина дена

Иако шпекулациите во Шпанија тврдеа дека тој веќе нема да заигра за Манчестер јунајтед во обид да примора трансфер во Реал Мадрид, Пол Погба за десетина дена ќе се врати во составот на „ѓаволите“ и покрај тоа што на Инстаграм покажа дека уште има проблеми со скочниот зглоб.

Според „Сан“, Погба ќе биде подготвен за напорниот декември на Јунајтед, во кој тимот на Оле Гунар Солскјер ќе игра девет меча од Премиер лигата, Лига Европа и Карабао купот.

Погба има само шест настапи за Јунајтед оваа сезона и ниту еден постигнат гол, но ќе биде добредојден во средината на теренот на тимот, посебно по повредата на Скот Мектоминеј.

Scroll to Top