Top Sport

Погба во понеделник ги почнува преговорите со Јуве

Италијанските медиуми тврдат дека директорите на Јувентус ќе се сретнат со претставниците на Пол Погба во понеделник за да го договорат враќањето во Торино на Французинот, чиј договор со Манчестер јунајтед завршува на 1 јули.

По смртта на неговиот агент Мино Рајола, сега задачата за преговарање на трансферот паѓа на Рафаела Пимента, која во понеделник ќе почне со преговорите, тврдат „Скај спорт Италија“ и „Спортиталија“.

Споре нивните информации, Јувентус може да му понудат на Погба само 7-8 милиони евра по сезона, драстично помалку од неговата актуелна плата во Јунајтед, но и помалку од понудите на Реал Мадрид и Пари Сен-Жермен.

Погба играше за Јувентус од 2012 до 2016, откако пристигна како слободен играч од Јунајтед, за во 2016, „ѓаволите“ да платат тогаш рекордни 105 милиони евра да го вратат на „Олд Трафорд“.

Scroll to Top