Top Sport

Кедира останува, Емре Џан во „аут“ кај Јуве?

Тоа што Јувентус не можат да го убедат Сами Кедира на трансфер, всушност значи заминување на Емре Џан, тврдат повеќе италијански медиуми.

Кедира беше поврзуван со трансфери во Фенербахче, но откако не му се оствари желбата да замине во Арсенал, тој реши да остане во Торино. Ова, според „Спорт медијасет“ значи дека последици ќе има за Емре Џан.

Новиот тренер на Јуве, Маурицио Сари веќе посочи дека тимот мора да се „скрати“, посебно пред регистрирањето на фудбалерит за Лигата на шампионите, и Германецот е прв на листата. 25-годишниот Џан дојде во Јувентус од Торино со „босманов трансфер“ минатото лето, а имаше 37 настапи, 4 гола и една асистенција за „бјанконерите“ минатата сезона.

Scroll to Top