Шкендија беше голем фаворит пред почетокот на двомечот против велшкиот претставник Хаверфордвест, во првото квалификациско коло од Конференциската лига. Но, тимот на Ардијан Нухиу успеа да постигне само еден погодок, дело на Аденис Шала. Тој во 47.минута успеа да зафати волеј и да ја погоди мрежата на гостите по асистенцијата на Лимани.
Сепак, од Шкендија се очекуваше повеќе. Фудбалерите им останаа должни на навивачите, а обезбедија само еден гол предност пред реваншот во Велс.
Фото: Игор Паневски/Топспорт.мк