Top Sport

Давид де Хеа доаѓа на „Паркот на принцовите“?

Шпанскиот голман Давид де Хеа е можно засилување за Пари Сен Жермен, открива „Л’Екип“. Тој е слободен играч откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед, а Луис Енрике не би имал против да пристигне на „Паркот на принцовите“ и да го засили ПСЖ.

Покрај Де Хеа, Пари Сен Жермен размислува и за Кепа Аризабалага од Челси и за Хуго Лорис од Тотенхем. Идејата на новиот тренер Луис Енрике е да привлече голман, кој ќе се бори за местото стартер со Џанлуиџи Донарума.

Серхио Рико беше резерва на Донарума минатата сезона, но тој долго време ќе биде надвор од терените по несреќата што ја имаше по пад од коњ.

Scroll to Top