Top Sport

Погребан Хосе Антонио Рејес

Шпанскиот фудбалер Хосе Антонио Рејес кој во саботата настрада во сообраќајна несреќа, денеска е погребан во родниот град, Утера.

Ковчегот со телото на Рејес, вечера бил изложен на стадионот на Севилја, каде имало повеќе од 11.000 навивачи, а потоа бил пренесен во зградата на градското собрание.

Денес Рејес е погребан во Утера, а ковчегот бил прекриен со знамето на Севилја.

Сообраќајната несреќа во која покрај Рејес настрада и негво роднина, а уште едно лице е тешко повредено, се случила во саботата во 11:40 часот. При голема брзина од 237 километри на час, Рејес ја допрел заштитната ограда по што пукнала гума на неговиот автомобил. Тој изгубил контрола врз возилото преминал на другата лента, излетал од патот, а автомобилот веднаш се запалил.

Кариерата Хосе Антонио Рејес ја започнал во 1994 година, а во сезоната 1999/2000 на возраст од 16 години и пет месеци дебитирал за првиот тим на Севилја.

Во сезоната 2003/2004 се сели во Арсенал, тој е дел од генерацијата на англискиот тим што ја освои Премиер лигата без ниту еден пораз.

Потоа играч во Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Кордоба, Ксинјианг и Екстрамадура.

Scroll to Top