Top Sport

Ѓоковиќ експресно го мина осмина-финалето во Париз

Првиот носител на Ролан Гарос Новак Ѓоковиќ експресно избори пласман во четврт-финалето на вториот грен слем турнир во сезоната. Србинот 13 пат во кариерата се пласира меѓу најдобрите осум на Ролан Гарос.

Ѓоковиќ на Германецот Јан Ленард Штруф му одржа 96 минутен тениски час. Првиот светски рекет победи со 6:3, 6:2, 6:2. Ѓоковиќ, во почетниот сет направи брејк во осмиот гем, а вториот и третиот сет имаа идентично сценарио, српскиот играч ги отвораше со дупли брејкови.

За пласман во полу-финалето Ѓоковиќ ќе се бори со победникот од четврт-финалето кое попладнево ќе го одиграат Александар Зверев и Фабио Фоњини.

Scroll to Top