Top Sport

„Покер“ на Габриел Жесус, убедлива победа на Манчестер Сити

Манчестер Сити оствари убедлива победа (5:1) против Вотфорд и се зацврсти на првото место на табелата во Премиер – лигата со 80 бода, четири повеќе од Ливерпул кој утре ќе игра градско дерби против Евертон.

Габриел Жесус беше стрелец на четири гола, еден од пенал, а во листата на стрелците се запиша и Родри.

Њукасл славеше (0:3) на гости против Норич, со двата гола на Жоелингтон и погодокот на Бруно Гимараеш.

Лестер и Астон Вила ремизираа без голови.

Scroll to Top