Работите полека се расчистуваат во Пари Сен Жермен. Тренерот Маурисио Покетино веќе добил известување дека нема да продолжи да работи во Париз, а клубот ќе му исплати надомест од 15 милиони евра, па тој со полни џебови заминува од „Паркот на принцовите“.
Нема ништо од ангажманот на Зинедин Зидан и клупата многу веројатно ќе ја преземе тренерот на Ница, Кристоф Галтие, човекот кој пред две сезони ја освои титулата со Лил.
Новиот момент е дека ПСЖ се вклучи во трката за Роберт Левандовски, а доколку тој дојде во Париз, тогаш веројатно ќе „виси“ Нејмар, кој се почесто би бил на клупата за резерви ако не сака да си замине од клубот.
Новиот спортски директор Луис Кампос ќе го насочи своите сили кон Милан Шкриниар од Интер, како и кон фантастичниот Нкунку кога пред три години токму од ПСЖ замина во Лајпциг, и блесна во Бундеслигата со 20 гола и 13 асистенции.