Top Sport

Покетино: Еден од најважните натпревари во кариерата

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, рекол дека претстојниот натпревар со Манчестер сити, во четврт-финалето, во Лигата на шампионите е еден од најголемите во неговата кариера.

Тотенхем, вечерва од 21 часот, ќе го пречека Манчестер сити, на својот нов стадион. Запрашан дали ова е најголемиот натпревар во неговиот живот, тој рекол: „Да тоа ќе биде еден од најважните натпревари“.

„Играме четврт-финале, а не пријателски натпревар. Големите клубови и играчите сакаат вакви натпревари. Мораме да им парираме во секоја ситуација. Играме 11 на 11, се надевам дека ќе победиме. Мораме многу да трчаме. Тие имаат квалитетни играчи. Ќе се обидеме да бидеме агресивни и да доминираме“, рекол Покетино.

Оваа сезона Тотенхем е во трка само за трофејот во Лигата на шампионите, додека Сити имаат можност да освојат четири титули.

„Во последните неколку години Сити гради тим што може да освои се. Имаат одличен тим и еден од најдобрите тренери во светот. Аконекој може да освои се, тогаш тоа е Сити“, истакнал Аргентинецот.

Scroll to Top