Тотенхем е уште еден врвен европски клуб што го посакува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во своите редови. Фенербахче ќе го продадат Елмас ова лето за да го намалат долгот што го има клубот.
Четврт-финалистот во Лигата на шампионите, Тотенхем за услугите на Елмас, до неговиот клуб Фенербахче испратиле понуда „тешка“ 20 милиони евра, пишува на својата интернет страница „СуперХабер“.
Скаутите на Тотенхем подолг период го следеле Елмас, поради што и решиле да испрат официјална понуда. Иста сума за македонскиот репрезентативец понудиле и од членот на Серија А, Лацио.
Интересот за Елмас е голем, а според шпекулациите него во своите редови сакаат да го видат Фиорентина, Лестер, Борусија Дортмунд, дури и Реал Мадрид.
Елиф Елмас има договор со Фенербахче до јуни 2022 година.