Top Sport

Покетино ја одбил Ница

Аргентинскиот стручњак Маурисио Покетино одбил да ја преземе Ница, пренесуваат француските медиуми.

По отказот од Пари Сен Жермен, Покетино доби можност да остане во Франција и да ја преземе Ница, која минатата сезона успешно ја водеше неговиот наследник во главниот град Кристоф Галтие. Сепак, тој барем за некое време не сака нов предизвик.

Доколку не добие понуда што не се одбива, Покитино бил подготвен да паузира цела сезона.

Така, клубот од Азурниот брег ќе мора да се сврти кон други решенија бидејќи романсата со Лусиен Фавр се покажува како неуспешна. Тој е критикуван за одредени изјави, но најмногу за формата во која се наоѓа тимот.

Од друга страна, во своја одбрана, Фавр го наведува неговото неангажирање во регрутирањето на нови имиња и доаѓањето на неколку од нив при крајот на преодниот рок.

Ница моментално е на 13. место во француската Лига 1 со променлива форма и гол разлика 5:9.

Scroll to Top