Top Sport

Покетино: Јас сум тренер, не сум кловн

Во спектакуларен натпревар, Челзи го победи Манчестер Јунајтед со 4:3 со головите на Кол Палмер во десеттата и единаесеттата минута од судиското надополнување на времето во второто полувреме.

И додека играчите на Челзи го славеа пресвртот и неверојатната победа, прва над Манчестер јунајтед по пауза од седум години, новинарите упатија критики кон менаџерот Маурисио Покетино бидејќи „не покажал радост и без страст го водел натпреварот“.

„Страста не значи дека треба да бидете луд и да правите глупости покрај аут-линијата. Не сум таков“, изјави Маурисио Покетино, по натпреварот и дополни.

„Се трудам да бидам смирен, да анализирам, да се сконцентрирам на играта. Тимот треба да покаже страст, единаесет играчи да трчаат и очајно да се обидуваат да ја поседуваат топката и да постигнуваат голови. Тоа е страста што навивачите сакаат да ја гледаат. И… јас сум главен тренер, не сум кловн.“

Scroll to Top