Top Sport

Покетино ќе добие богата отпремнина

Аргентинскиот тренер Маурисио Покетино сигурно нема да го предводи ПСЖ во новата сезона. Прашање на денот е кога тој и официјално ќе добие отказ. Покетино мора да го напушти клубот откако не успеа да направи никаков резултат во Лигата на шампионите.

Со месеци медиумите најавуваат дека ќе добие отказ, а тоа веројатно ќе се случи во наредните денови.

Аргентинецот ќе го наплати отказот. „Лекип“, објави дека Покетино и ПСЖ нашле заеднички јазик кога е обесштетувањето во прашање, клубот на тренерот ќе му исплати 10.000.000 евра.

Покетино летово ќе може да си најде нов клуб, но наводно размислува да земе неколку месеци одмор пред да продолжи со тренерската работа.

Scroll to Top