Маурисо Покетино, тренерот на ПСЖ, ги коментираше шпекулациите дека Килијан Мбапе постигнал договор со Реал Мадрид.
ПСЖ и Реал ќе се соочат во осмина-финалето во Лигата на шампионите. Првиот натпревар ќе се одигра во Париз на 15.февруари.
„Килијан ќе реши по дуелите со Реал во ЛШ. Во овој момент тој е фокусиран на ПСЖ, сака да направи што е мпжно подобри резултати со нашиот тим“, рекол Покетино и дополнил.
„Тој е голем професионалец. Сите го почитуваме. Јасно е дека тој решава каде ќе игра наредната сезона. Сепак тоа не го оптоварува да го дава максимумот во дресот на ПСЖ“.
ПСЖ, вечерва, во Лига 1 ќе играат против Рен.