Top Sport

Покетино подготвувал чистка, петмина на трансфер-листата

Серијата на лоши резултати во Премиер лигата и катастрофалниот пораз во Лигата на шампионите ги разнишаа позициите на Маурицио Покетино во Тотенхем. Англичаните тврдат дека Аргентинецот не добил отказ само поради клаузулата во договорот, според која за предвремен раскин на договорот клубот ќе мора да му исплати 35 милиони евра.

Покетино на почетокот на сезоната потенцираше дека има неколкумина се незадоволни бидејќи клубот не им овозможил трансфер. Поради ова атмосферата во соблекувалната била сериозно нарушена, а „капак“ е наводната секс-афера на Јан Вертонген со сопругата на Кристијан Ериксен.

Англиските медиуми во вторникот пипуваат дека поради се она што досега се случувало Покетино од клубот ќе избрка петмина. Тие ќе се најделе на трансфер-листата за јануарскиот преоден рок.

Прв на листата е Ериксен, чии договор важи до крајот на сезоната. Данецот сакаше да се оди летово, но претседателот Даниел Леви бараше голема сума на пари. Јануари е последна шанса Тотенхем да заработи некое евро од трансферот на Ериксен.

Во слична ситуација летво се наоѓаше и левиот бек Дени Роуз. Тотенхем одредија сума што ниту еден клуб не сакаше да ја плати, 25 милиони евра. Во јануари тој ќе биде продаден за помала сума.

Виктор Ванјама долго време е надвор од ротацијата, ретко добива шанса. И тој требаше да замине летово но остана во Лондон. Во јануари и тој ќе замине.

Следен на листата е десниот бек Серж Орие, чии квалитети не се спорни, но проблем е неговиот карактер.

И на крајот на спискот е Ерик Дајер. Англискиот репрезентативец минатата сезона го загуби местото во тимот, а оваа сезона не игра бидејќи Тотенхем го донесоа Нбомбеле.

Scroll to Top